Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ferrari California се отвора и затвора
30.05.2008
ferrari-california-azz-1.jpgFerrari го претстави својот најнов модел пред малку повеќе од две седмици, но дури сега може да се види неговиот метален склоплив кров и неговиот изглед во облик на купе.

Системот има две компоненти и не одскокнува од веќе видените слични системи. Првата компонента ја сочинува кровот составен од два дела, а втората е задната секција која го сочинува капакот од багажникот. Од Ferrari уверуваат дека целата опреација на отворање или затворање на кровот трае само 14 секунди.

Склопен кровот завзема простор во багажникот од 100 литри и со тоа го намалува неговиот капацитет на 260 литри. Кога кровот е кренат багажникот има капацитет од пристојни 360 литри. Покрај заштита на патниците кога е затворен кровот кај California има улога да ја зацврсти каросеријата и ја подобрува аеродинамиката. California при 200 km/h притиска врз подлогата со дополнителни 70 kg downforce.

Претставениот автомобил е обоен во Azzurro California метална боја, која за првпат била искористена кај првиот модел California од шеесетите. Поточно моделот што бил претставен на салонот во Њујорк во 1962.

California иако според димензиите е поставена под Ferrari 599 GTB Fiorano, воопшто не е малечок автомобил. Во должина мери 4.560 mm, широка е 1.900 mm и има меѓуоскино растојание од 2.700 mm.

Автомобилот целосно е изработен од алуминиум. Овој лесен метал е искористен и за шасијата и за каросеријата, но и за 4.3 литарскиот V8 кој истискува 454 коњски сили при 7.500 вртежи и има т.н. рамно коленесто вратило.

За што станува збор. Најчесто сериските V8 мотори користат коленесто вратило со четири колена кои меѓу себе зафаќаат агол од 90 степени со што се постигнува оптимален начин на работа при ниски вртежи, меѓутоа перформансните или тркачките мотори најчесто користат коленесто вратило со агол меѓу колената кој зафаќаат агол од 180 степени.

На овој начин се постигнува помазна работа на моторот со помалку вибрации, моторот полесно се врти, односно достигнува висок број на вртежи и исто така подеднакво важно е што подобро звучи.

Како финален тест за California беше возењето на претседателот на Ferrari, Лука ди Монтеземоло на тркачката патека Фиорано. Откако го одарботи својот дел зад воланот на California, Монетезмоло изјави дека автомобилот е: „совршено флексибилен во смисол на нормална употреба”.

Со Califronia подетално ќе се запознаете од нашата претходна приказна.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook