Од Маранело соопштуваат дека наследникот на F430, најавуваниот
F450 ќе биде технолошки најнапредниот автомобил на Ferrari и светската премиера ќе ја доживее на 9 септември во Франкфурт.
Официјано F450 ќе носи нов мотор, ќе има менувач со две спојки, уникатен систем за
контрола на стабилноста кој треба да го направи автомобилот исклучително
управлив и безбедн за возење и нов систем за контрола на тракција кој минатите
години беше тестиран во болидите на Формула 1.
Како што споменавме во средина на шасијата ќе работи
комплетно нов мотор конструиран од нула кој ќе има осум цилиндри во V распоред
со зафатнина од 4.5 литри и директно вбризгување на гориво.
Во најдобрата традиција на Ferrari првично F450 ќе
стартува како купе. За отворената верзија, како што наведува одделот за
маркетинг на Ferrari ќе се чека бидејќи тие не сакаат да се случи канибализам меѓу евентуалниот
F450 Spyder и новиот купе-кабриолет Ferrari
California кој треба да ја зацврсти својата позиција на пазарот.
Според првичните размислувања на одговорните во Маранело,
кабриолетот на F450 би се појавил на пазарот најверојатно некаде во 2011.
Најслаткото доаѓа на крај. Ferrari F450 нема
да се нуди само како чистокрен спортист од стариот ков со добро навиен атмосферски
бензинец. Со неговото име се поврзува и најавата на Ferrari за новиот хибриден погон.
Од компанијата потврдуваат дека на годинешниот салон за
автомобили во Лос Ангелес дека Ferrari
ќе претстави хибридна верзија на спортистот F450. Оваа
верзија ќе има KERS систем за регенерирање на кинетичката енергија добиена при сопирање
која ќе се претвора во електрична енергија.
Ferrari
најавува дека продажбата на F450 ќе
стартува во првиот квартал во 2010.
|