Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ferrari го отвора 458 Italia
25.08.2011

Неколку седмици пред отворањето на салонот во Франкфурт, Ferrari одлучи да го отвори својот 458 Italia со симнување на тврдиот кров и поставување на склоплив исто така тврд кров претворајќи го во Spider.

ferrari-458-italia-spider-off-1-2011-1

Без оглед што нуди поинакво задоволство при возење, Ferrari побрза да објасни дека 458 Spider е истиот технолошки бисер на четири тркала како и купето задвижуван од амтосферскиот 4.5 литарски V8 кој на задна оска испраќа 570 КС.

Исти остануваат и менувачот со две спојки, електронски управуваниот диференцијал со интегриран систем за контрола на тракцијата F1 – Track и можноста за мапирање на педалот за гас и амортизацијата по свој терк.

Сето ова условува максимално возачко задоволство кое во случајот е надополнето со возење со ветар во коси и со ново дизајнираниот звук на моторот кој целосно ги опчинува возачот и сопатникот.

Цврстиот склоплив кров комплетно е изработен од алуминиум и според инженерите на Ferrari нуди неколку предности во однос на традиционалниот мек склоплив кров.

ferrari-458-italia-spider-off-3-2011-1

Како прво тие ја наведуваат тежината која во случајот е намалена за 25 килограми во однос на купето и кусото време потребно за отворање - склопување кое е измерено на само 14 секунди.

Кровот целосно е интегриран во стилот на автомобилот и кога е отворен е уредно спакуван пред просторот за мотор и не ја нарушува аеродинамиката или перформансите на автомобилот.

Мали измени претрпел задниот дел од автомобилот заедно со хаубата за да се оптимизира струењето на воздухот и полнење на моторот со воздух како и негово разладување и разладување на менувачот и спојката.

Малиот простор потребен за да се спакува им овозможил на дизајнерите да отворат доволно место зад седиштата за багаж за двајца. Комфорот дополнително е подигнат со електричниот ветробран одзади.

ferrari-458-italia-spider-off-4-2011-1

Кога е подигнат обезбедува комфорно возење и нормална конверзација при брзини поголеми од 200 km/h. Максимумот се достигнува кога бројките ќе се свртат до преку 320 km/h, а спринтот до темпо 100 трае помалку од 3,5 секунди.

Цената останува непознаница се до премиерата во Франкфурт, a танцот на кровот може да се пголедне на официјалното видео објавено и на YouTube каналот на Vozi!.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook