Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ferrari го потврдува F70
20.05.2010

Раководството на Ferrari даде зелено светло за проектот F70. Тоа е најновата информација која што доаѓа од ковачницата на змееви во Маранело за супер спортистот што ќе постави нови бариери.

ferrari-f70-2010-1

Најважната бариера е задржување на тежината од 1.000 kg. Неверојатно, но од Ferrari уверуваат дека оваа задача може да се исполни со користењето на супер лесни материјали како карбон-фибер, титаниум, легури на алуминиум.

Новиот врв во понудата на Ferrari ќе биде значително помал автомобил од актуелниот врв кого го преставува Enzo и во средина на шасијата нема да носи голем мотор туку според актуелните текови во автомобилската индустрија снагата ќе доаѓа од турбо натполнење.

Од Ferrari наведуваат дека моторот ќе биде дериват на алуминиумскиот мотор на новиот 458, ќе има два турбо полначи и ќе располага со снага од преку 560 КС. Секако ова е помалку во однос на Enzo, но разликата во снагата ја надоместува тежината на автомобилот.

Без оглед на помалку коњски сили F70 ќе ја минува магичната граница од 320 km/h, а забрзувањето до 100 km/h треба да го сведе на вредност од 3 секунди, или помалку.

Воедно големата предност на F70 ќе бидат меѓузабрзувањата, способноста на повлече силно од ниски вртежи и ниската вредност на потрошувачката и следствено емисијата на издувни гасови.

Со претставувањето на хибридниот систем HY-KERS инженерите на Ferrari работат и на хибридна верзија на F70 која би пристигнала понатаму во иднината.

Сегашноста пак ќе биде загарантирана само за обичната верзија која на светот ќе му биде претставена на некој од автомобилските салони веќе следната година. Од Ferrari калкулираат и со цената на F70 наведувајќи сума од околу половина милион европски банкноти.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook