|
04.12.2008 |
На салонот во Болоња, Ferrari, пред
светската јавност ја претстави најновата модификација на F430
Spider, наречена Scuderia Spider 16M која ќе се
произведе во ограничена серија.
Автомобилот всушност е отворена верзија на F430
Scuderia и прв пат беше најавен на патеката во Мугело минатиот месец. Задржани се сите
компоненти од купето поради што тежината е намалена за 80 kg во однос
на стандардниот F430 Spider. Scuderia Spider
16M тежи 1.340 kg
Моторот е модификуван и истискува 510 коњски сили поради што соодносот
маса/снага кај Scuderia Spider 16M е доведен на 2,6 kg на 1
коњска сила.
Ваквиот сооднос маса/снага му овозможува на Scuderia Spider 16M да го катапултира екипажот до 100 km/h за 3,7
секунди и да постигне максимална брзина од 315 km/h.
Нарачките за Scuderia Spider 16M се во тек,
а нарачателите ќе можат да избираат меѓу за Ferrari класичната
црвена боја, жолта, или пак железно сива боја.
А кому звукот на моторот ќе му биде прегласен може да
ужива во 16 GB музика сместена на преносниот Ferrari iPod
Touch кој доаѓа сериски.
Прикажаните фотографии се од претставувањето во Болоња,
додека целосна галерија од Scuderia Spider 16M следи подоцна.
|