Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ferrari GT California е се поблизу
13.05.2008
ferrari-gt-california-web-1.jpgПроизводителот од Маранело е познат не само по успешните спортски и супер спортски автомoбили туку и по велот од мистерија што секогаш го прекривал посебно неговите нови модели.

Интересно е што сето ова полека почнува да се менува. По фамата што ја крена новото купе со 2+2 распоред на седишта и подвижен метален кров со големиот број на шпијунски фотографии направени во обид да се дознае што повеќе за него во Ferrari одлучија да се доближат до светската јавност.

Обидот се состои во лансирање на посебна интернет страница посветена на новиот GT. Иако во моментов единственото што можете да го дознаете оттаму е грмежот на моќниот V8 кој според предвидувањата ќе испорачува повеќе од 500 коњски сили.

Се очекува за околу десетина дена на оваа страница да бидат објавени повеќе детали поврзани со автомобилот, а темпо на објавување на детали ќе продолжи се до неговото претставување на салонот во Париз.

До тогаш очекувајте новини кликнувајќи тука.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook