Get Adobe Flash player
Ferrari GT California
13.05.2008
ferrari-gt-california-1.jpgПовелете ова е Ferrari GT California новиот модел од Маранело со две плус две седишта и склоплив метален кров чии фотографии денес за првпат и се претставени на светската јавност.

Oна што е најважно кај Ferrari е сокриено под хаубата. Во GT California работи 4.3 литарскиот V8 со ист блок како кај F430, но со нови глави заради сместување на новиот систем за директно вбризгување, прв за Fеrrari.

Директното вбризгување му овозможува на моторот во да произведе 454 коњски сили при високи 7.500 вртежи во минута. За сега Ferrari не го открива вртежниот момент, но уверува дека дополнително ги унапредува перформансите на автомобилот.

Моќноста се пренесува на задните тркала преку седум степен менувач со две спојки врзан директно на задната оска. Овој трансаксл систем на поставување на менувачот е прв и за сега единствен на светот кој е направен со седум степен менувач.

И зошто менувач со две спојки кога Ferrari го поседува извонредниот секвенцијален менувач? Затоа што, како што велат инженерите, неможе да се направи постоечкиот систем да менува побрзо, поради што се потребни две спојки. А седум степени на пренос овозможуваат потечно менување, карактеристика која најмногу и одговара на отворената GT California во согласност со нејзината намена.

Во спрега моторот и менувачот и овозможуваат на GT California да фати темпо 100 за помалку од 4 секунди, што е побрзо од очекуваниот главен ривал Porsche 911 Turbo Cabrio кој до стотка стигнува за точно 4 секунди. Максималната брзина е сеуште тајна.

Според димензиите автомобилот е близу со 599 GTB Fiorano и повторно за првпат во еден Ferrari има издувни цевки кои се сместени вертикално една над друга во краевите на задниот браник, а ги дели масивниот дифузор.

Поради не така малите димензии и металниот склоплив кров со сложен и тежок механизам во прашање се доведува тежината на GT California. Сепак во Ferrari калкулираат со помалку од 1.700 килограми, пред се поради алуминумската конструкција на автомобилот и на кровот и карбон-керамичките дискови кои доаѓаат од Вrembo.

Од системите за помош на возачот тука се F1-Trac контролата на тракција превземена од 599 GTB, но модификувана за да ги задоволи потребите на GT California.

Главната фама кој се крена околу GT California е нејзината внатрешност односно распоредот на седење 2+2. Од она што може да се забележи на фотографиите се гледа дека не е оставено многу простор за вториот ред на седишта.

Причината за ова лежи во оригиналниот назив на поставката што доаѓа од Ferrari, а е наречена „2+ концепт”. Ова значи дека сопственикот ќе може да ја конфигурира својата GT California во зависност од потребите. Односно одзади да има уште две дополнителни седишта, или пак да остави повеќе простор во багажникот.

Автомобилот стартува со продажба на почетокот од 2009, поточно тогаш на купувачите ќе им бидат испорачани првите примероци по цена од преку 200.000 евра.


 

 

 

Facebook