Get Adobe Flash player
Ferrari како караван
13.01.2008
ferrari-shooting-brake-vand.jpgЗвучи неверојатно, невозможно, сепак, можеби и не. Пред се кога се работи за холандската каросериска работилница Vandenbrink чив сопственик и главен дизајнер го докажа спротивното.

Значи овој неверојатен автомобил е дело на Vandenbrink, и е наречен Shooting Brake, и е поставен на основата на Ferrari 612 Scaglietti. Всушност кај оригиналниот модел на Ferrari не е менувано ништо освен што е додадена задна врата, и е продолжена линијата на кровот.

Секако по желба автомобилот може да се добие обоен во две бои што до сега никогаш не било случај во Маранело, плус официјално, Vandenbrink нема поддршка од матичната фабрика за овој модел, но тие сепак ќе ги остварат своите визии и ќе им го понудат Shooting Brake на потенцијалните клиенти. Kако и 599 GTO и кабриолетот GT кој исто така е на пат.

Цената повторно е приказна за себе. Преправките ќе го чинат евентуалниот ентузијаст околу 750.000 евра на што треба да се додаде цената на оригиналниот Scaglietti од околу 250.000 евра и плус давачки.

Згодно нели?

Но, тоа не е се. По желба на клиентот Vandenbrink може да вгради нов мотор во Schooting Brake, а станува збор за модификуваниот 6.3 литарски V12 кој работи во Ferrari Enzo и се нуди како опција и во купето 599 GTO.

И толку. Забавата на прекројување на вашиот скапоцен Ferrari 612 Scaglietti може да почне!

 

 

 

Facebook