|
Директорот на производителот на расни тркачки грла од Маранело, Амадео Фелиса категорично ги отфрли шпекулациите дека Ferrari ја следи модата и работи на модел со четири врати.

„Ferrari никогаш нема да произведува автомобил со четири врати,” потврди Фелиса. Тој во официајлната информација пласирана од компанијата ги цитира зборовите на основачот на Ferrari легендарниот Енцо Ферари.
„Останато е наследството на Енцо Феррари кој велеше: Ние никогаш нема да правиме автомобил со четири врати,” цитира Фелиса и дополнува: „Затоа ние ќе ја продолжиме неговата идеја и ќе ја следиме традицијата на марката”.
Според размислувањата на Фелиса она што е неопходно сега во автомобилската индустрија се еколошки свесни возила, чисти технологии и Ferrari го следи модерниот тек со цел да ги задоволи строгите норми што се воведуват во Европа и САД.
„Јасно е дека тие промени се наложени од властите и ние мораме да се придржуваме кон нив, но никој неможе да ни наложи, ниту да не принуди да произведуваме возила со четири врати. Ако ви треба спортска автомобил со четири врати ние со задоволство ќе ви го понудиме Maserati Quattroporte,” вели Фелиса и дополнува, „Тој автомобил сепак не е дел од 60 годишната историја на Ferrari.”
Очигледно е дека модниот тренд којшто ги зафати конкурентите како Aston Martin и Porsche, па дури и еден Lamborghini чив проект Estoque е замрзнат нема да влијае на одлуките на одговорните во Ferrari.
Па така компјутерски генерираната фотографија на која е прикажан еден Ferrari со четири врати ќе си остане како проекција на анонимниот дизајнер.
|