Внатрешни анонимни извори во Ferrari откриваат
дека на компанијата не и цветаат рози во време на глобална економска криза без
оглед што раководството уверува дека се е во ред.
Според изворот производството на најголемиот модел на Ferrari
четириседот 612 Scaglietti во моментов е запрено поради
недостаток на нарачки.
Понатаму проблеми создава и новиот модел California кој
предизвикал драстично намалување на нарачките за супер спортитстот F430. Во Ferrari eдинствено
не е загрозен моделот 599 GTB Fiorano чија листа
на чекање е пополнета за следните две години.
Поради падот на производството условен од слабата
продажба Ferrari ќе биде принуден да отпушти околу 300 работници заради
намалување на трошоците во 2009.
Изворот наведува дека договорот со Тata за
спонзорство во Формула 1 не е случаен. Финансиската инекција игра важна улога
во одржување на компанијата воопшто, не само на тимот во Формула 1.
Воедно соработката е доведена на високо ниво бидејќи
инженерски тим на Tata годинава присуствувал на сите трки во Формула 1 што го
отвора прашањето за можно инволвирање на Тata во Ф1 со
сопствен тим.
Дополнително по договорот за испорачување на мотори меѓу Fiat и Тata се очекува
потпишување на нов договор за производство на Grande Punto и Linea во
погоните на Tata кои ќе бидат наменети за пазарот во Индија.
Очигледно е дека индијскиот конгломерат ќе игра важна
улога во одржувањето на операциите и на Fiat и на Ferrari во време
на криза.
|