|
18.02.2008 |
Иако знаеме дека Ferrari е еден од
најексклузивните производители со ниска продукција, сепак кога ќе се погледне
неговата заработка посебно лани чека изненадување.
Годишниот обрт од 1 милијарда и 447 милиони евра во 2006
е зголемен на 1 милијарда и 668 милиони евра во 2007 или скок за 15,3 проценти,
што во најголемиот дел се должи на одличната продажба на моделите F430 и 599 GTB
Fiorano.
Во 2007 на клиенти се испорачани вкупно 6.456 сериски
автомобили. Секако тука не се вклучени и автомобилите што се продадени а се
наменети за на патека. Продажбата е зголемена за 14 проценти во однос на 2006.
Со зголемувањето на продажбата е зголемен и профитот кој
за 2007 изнесува дебели 266 милиони евра, скок од 45,4 проценти во однос на
2006. Овие одлични финансисики резултати се плод на зголемената продажба и
зголемената ефикасност во сите сфери на работење на компанијата.
Во обѕир треба да се земат и рекордните трошоци што Ferrari
во 2007 ги даде за развој, но и падот на доларот, валута во која се
наплатуваат околу 30 проценти од севкупната продажба на Ferrari.
|