Get Adobe Flash player
Ferrari токми хибриден погон
10.06.2009
ferrari-hibriden-pogon-1.jpgГолема новост соопшти шефот на Ferrari, Амадео Фелиса. Според него Ferrari работи на концепт на хибриден автомобил кој треба да го здогледа светлото на денот до крајот на годината.

Иако многумина претпоставуваат дека местото каде Ferrari Hybrid ќе ја доживее својата ѕвездена промоција е Франкфурт, Фелиса ги разбива ваквите инсинуации. Нема да биде Франкфурт, вели Фелиса. Но, ќе биде набрзо потоа. Најверојатно на некој од американските автомобилски салони ќе го претставиме нашиот хибрид.

Ова значи дека најверојатно Ferrari ќе го претстави својот хибрид на салонот во Лос Ангелес во декември, или пак, евентуално во Детроит во јануари.

Една италијанска компанија за заштита на патенти обелодени дека цел список на ново патентирани компоненти пристигнала од Ferrari. Меѓу нив се хибриден погон, и турбо мотор.

Фелиса за новите проекти на Ferrari истакнува дека производителот од Маранело се подготвува за пресретнување на новите строги норми кои ќе се применуваат во Европа од 2014.

Тој наведува дека Ferrari работи на нови мотори кои ќе ги заменат постоечките V8 и V12 агрегати. Замената ќе пристигне во форма на помали турбо бензинци, но за да не дојде до разочарување од страна на љубителите на марката Фелиса уверува дека новите мотори ќе пружат подеднакво задоволство во возење.

На почеток се турбо моторите, подоцна следува користење на биоетанол Е85 како гориво. Дека сме подготвени со Е85 говори мапирањето на електронската единица за контрола на моторот ECU кај моделот California кој уште денес може да користи биоетанол, уверува Фелиса.

Последната истанца во креирање на зелени автомобили е претставувањето на хибридна верзија во моделите на Ferrari, појаснува Фелиса.

Единствено не се знае дали хибридниот погон ќе се вградува и во некој од постоечките модели на Ferrari или тој ќе биде загарантиран само за моделите кои ќе следат во иднина.

 

 

 

Facebook