Fiat открива дека наскоро ќе го понуди 500 во верзија со погон
на четири тркала и со продолжена каросерија во облик на комби претходно
најавена како Giardiniera.
Причина за создавање на SUV верзија на
500 е најавата за новиот SUV на Mini. Секако верзијата Giardiniera ќе се нуди
и само со погон на предни тркала и ќе го држи на нишан Mini Clubman.
Fiat 500 4х4 ќе го земе на заем погонот којшто се вградува во Panda 4х4.
Нормално бидејќи 500 ја дели истата платформа со Panda.
Во Fiat сеуште не откриваат детали бранејќи се дека проектот не
добил зелено светло, но извори од Торино го велат спротивното и дури
истакнуваат дека планот е годишно да се произведуваат околу 30.000 примероци.
Првиот Fiat 500 со зголемено меѓуоскино растојание го претстави
италијанската работилница Castagna во Женева и го
крсти Woody Wagon. Моделот беше претставен заедно со Mini
Clubman.
Развлечената верзија на Сastagna е за 300 mm подолга од
500 и го носи 1.4 литарскиот турбо бензинец со 155 коњски сили, но нема погон
на четири тркала како што е предвидено за Giardiniera.
Покрај SUV на основата на 500 треба да се појави
и кабриолет. Планот е отворениот 500 да биде претставен во втората половина на
2009, додека верзијата 4х4 треба да пристигне во 2010.
Во галеријата е претставен 500 Woody Wagon од Сastagna.
|