|
10.07.2007 |
На конференцијата за медиуми на официјалното
претставување на новиот Fiat 500 минатата седмица еден новинар од Јапонија праша
за плановите за продажба на 500 на азискиот пазар.
Одговорот на еден од шефовите на Fiat, Лука де
Мео го одоброволи новинарот кога обзнани дека тому салонот во Токио кој ќе се
одржи на есен е избран за претставување на 500 Abarth.
Fiat веќе продава автомобили во Јапонија каде малите
автомобили и бездруго се многу популарани и поради тоа не постојат бариери
малечкото од Италија да се појави во Азија.
Исто така се очекува 500 Abarth да ја
преплива големата бара и да пристигне во САД во 2010.
Но, да се вратиме во Јапонија.
Не се сомневаме дека новиот Nissan GT-R ќе биде
главна ѕверка на салонот во Токио, но имаме чувство дека и Fiat ќе
предизвика голема сензација со 500 Abarth. Посебно кога
вратите на салонот ќе се отворат за широките народни маси
Сепак, во Јапонија, слатките мали нешта се на добар
глас.
|