|
Италијанската тјунерска куќа Romeo Ferraris чив сопственик е истоимениот ентузијаст, експерт за тјунирање и конструктор на спортски автомобили, го создаде најмоќниот Fiat 500 Abarth на сите времиња.

Причина за екстремниот тјунинг на Fiat 500 Abarth е учеството на трката на издржливост Шест часа Валелунга која се вози викендов, поточно на 22 ноември. Romeo Ferraris успеал од серискиот да направи вистински тркачки монструм.
Со поставување на нов аеродинамичен кит од карбон-фибер покрај лутиот лик автомобилот сега значително подобро лежи на пат. Огромното задно крило дополнително ја подобрува стабилноста при високи брзини на правец и во свијок.
Дополнителните отвори на хаубата и испакнатите крила овозможуваат подобар проток на воздух низ моторот и механичките компоненти заради ладење на моќната коњица, додека страничните отвори во предниот браник ги разладуваат самовентилирачките дискови.
Сите подготовки на шасијата и каросеријата се направени за автомобилот да може да се носи со 360 КС кои ги испорачува модификуваниот 1.4 литарски турбо бензинец познат од останатите модели на Fiat.
Инженерите од Romeo Ferraris на чело со сопственикот не откриваат што се е направено за да се извлечат олку многу коњски сили од еден релативно мал мотор. Сепак, веруваме дека модификациите се опсежни.
На трката Шест часа Валелунга зад воланот на Romeo Ferraris Fiat 500 Abarth ќе се менуваат тројца возачи Алдо Черути, Микела Черути и Марио Ферарис.
|