Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Fiat 500 Cabrio е на пат
28.05.2008
fiat-500-cabrio.jpgИнформацијата ја потврди шефот на дизајн Роберто Џиолито објаснувајќи дека отворената верзија на Fiat 500 ќе биде едноставна и ќе нуди планина задоволства за прифатлива цена.

Шпекулациите околу цврст склоплив кров отпаѓаат и на негово место ќе биде поставен едноставен платнен кров кој воедно ќе оди рака под рака со ретро дизајнот на малечкото на Fiat.

Се чини дека ќе отпадне и претходно најавениот платнен кров кој ќе лизга по дел од кровот како кај оригиналниот 500, но поради недостаток на информации оваа изведба останува како опција.

И бидејќи платнениот кров зафаќа помалку простор за складирање остварлива е идејата за во Fiat 500 да се сместат четири седишта со што ќе му се парира на кабриолетот на Mini.

Се очекува платнениот кров да овозможи уште поголема персонализација на Fiat 500 бидејќи ќе може да се избира меѓу различни бои на кровот со што стајлингот би требало да биде подобар дури и од затворената верзија.

Што се однесува до техничката изведба на кровот, бучавата, студот зиме и жештината лете, инженерите во Fiat уверуваат дека со користење на современи материјали и технологии платнениот кров ќе нуди подеднакво добра заштита како и затворен автомобил.

Моторите остануваат исти значи бензинците од 1.2 и 1.4 литри со 69 и 100 коњски сили и дизелот 1.3 Multijet со 75 коњски сили. Единствено останува да лебди прашањето дали Abarth ќе се замеша со тјунирање и на кабриолетот и ќе понуди 135 коњски сили на отворено.

fiat-500-cabrio-studija-1.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook