Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Fiat 500 Ferrari
28.07.2008
fiat-500-ferrari-1.jpgСтанува збор за специјална едиција на Fiat 500 која ќе се продава преку дилерската мрежа на Ferrari низ Европа и ќе им се нуди на верните купувачи на Ferrari како втор автомобил.

И додека скапоцениот примерок со коњот што се шепури на маската лежи во гаража, Fiat 500 Ferrari ќе служи за исполнување на дневните обврски.

Секако станува збор за специјална едиција кој ќе биде произведена во само 200 примероци. Па така оние што сакаат ексклузива во мало пакување нека побрзаат. Нема да го добијат забрзувањето, максималната брзина и возните својства на еден Ferrari, но сигурни сме дека ќе возат со подеднакво голем стил.

Fiat 500 Ferrari од далеку се препознава по Ferrari црвената боја и електричниот подвижен кров. Одблизу можат да се забележат детали како црвено обоените сопирачки клешти и новите леснометални бандажи од 16 инчи со гуми 195/45.

Моторот е ист како и во моделот Sport. Значи 1.4 литри и 100 коњски сили кои сега звучат поинаку. Од Magneti Marelli е добиен нов издув дизајниран да го имитира звукот на спортистите на Ferrari.

Патниците уживаат во кожен интериер, возачот со раце го опфаќа кожениот волан од црна кожа опшиен со црвен конец и притиска на педали од лесен метал. Тука се и автоматскиот клима уред и извонредниот аудио систем, плус задолжителната изгравирана плочка на арматурата која е доказ за потеклото и автентичноста на автомобилот.

Според одговорните во Fiat, малечкиот 500 претставува совршена платформа за креирање на специјални едиции кои ќе одат како алва.

Доказ за тоа се и големиот број на нарачки уште пред автомобилот да стапне во продажните салони. Вкупно 222 за само 200 автомобили.

Па оттука следи и прашањето: дали Fiat погоди в среде со 500 и дали 500 ќе ја освои титулата најпосакуваниот мал автомобил на сите времиња?


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook