Наградата на EuroCarBody за 2007 всушност и
припадна на каросеријата на 500. Ова е прва ваква награда за Fiat и е од
посебно значење бидејќи ова е втор пат како учествува во изборот.
Наградата EuroCarBody ја доделува жири
составено од околу 600 експерти собрани од 15 меѓународни производители на
автомобили чие поле на експертиза се проектирање, употреба на материјали и
производство на каросерии.
Изборот на EuroCarBody се одржува 8
години по ред и во досегашната куса историја Fiat 500 е
единствениот автомобил од сегментот А што ја освојува. Малечкото од Fiat на изборот
беше исправено пред 11 конкуренти што доаѓаат од Европа, Јапонија, Русија и САД.
Автомобилските експерти го вреднуваа и безбдносниот карактер
на каросеријата на 500 кој освои 5 ѕвезди на Euro NCAP и вкупно
35 бода, плус на ова се надоврзува и одличниот пласман на изборот на Urto
Assicurate – осигурување од удари што го поставува на врвот на полето
на безбедноста ако се земе предвид неговата должина од само 3,5 метри.
На изборот можат да учествуваат сите производители на
автомобили со модели кои се претставени во текот на годината за која се
доделува наградата.
Бодувањето на каросеријата се прави врз оснава на
различни критериуми: употреба на материјали, иновативни технички решенија за
развој, проектирање, индустриско производство, безбедност, ергономија,
акустички комфор, квалитет.
Престижната награда ја додели Матијас Бојт претседател на
компанијата Automotive Circle Internationla, а ја прими
техничкиот директор на Fiat, Харалд Џ. Вестер.
|