|
Fiat планира годинава да претстави две нови варијанти на тема Fiat 500. Првата ќе биде миниван со пет врати поставен на основата на актуелниот 500 со три врати, додека втората ќе биде кросовер.

За нив веќе пишувавме. Миниванот најверојатно ќе биде означен како Fiat 500 MPV и ќе носи дизајнерски елементи кои го красат и оригиналот со три врати кој бележе одлични продажни разултати.
Секако 500 MPV ќе има поголемо меѓуоскино растојание, повисока каросерија, пет врати и повеќе место во кабината и багажникот. Се вели дека дури и трагата на тркалата ќе биде поширока што ќе влијае и на ширината на ванот.
Техниката и моторите ќе бидат исти како и кај верзијата со три врати, но најверојатно ќе изостаната лутите верзии. Вториот модел ќе биде кросовер поставен на основата на новата Panda.
Со него, па и со 500 MPV, Fiat оди по стапките на Mini кој на своите клиенти веќе им ги нуди Clubman и Countryman како попрактични варијанти на оригиналниот Mini.
Кросоверот 500 чие име сеуште е тајна ќе се нуди со погон напред и со погон на четири тркала и ќе има повисок клиренс за излети надвор од пат. Се очекува и двете варијанти да бидат претставени на салонот во Женева.
|