Неверојантиот успех на 500 ги примора одогворните во Fiat да
размилсуваат за други каросериски варијанти со кои ќе може рамноправно да им се
спортивстави на ривалите.
Тука пред се се мисли на Mini поточно
неговиот Clubman. Иако нема втор пар странични врати туку само
продолжување на кровот со вертикална задна врата и исто меѓуоскино растојание
сепак ќе му биде лут конкурент на англичанецот.
Продолжената линија на кровот и подолгиот заден превис
обезбедуваат значително поголем простор во кабината, но и во багажникот за
разлика од обичниот 500. Првото појавување на оваа изведба пред
очите на јавноста беше на салонот во Женева од страна на италијанскиот производител
на каросерии Castagna заедно со ривалот Clubman.
Идејата за мал караван во Fiat не е нова.
Првпат беше применета во 1960. кога тогаш популарниот 500 се претвори во Giardiniera. Дури се
претпоставува дека и новиот 500 караван всушност е го превзеде името на својот
претходник и ќе се нарекува Giardiniera.
Поради задржување на меѓуоскиното растојание и менување
само на каросериските делови Fiat ќе ги задржи трошоците за производство на ниско ниво
поради што и новата Giardiniera нема да има многу повисока цена од
500.
Ова значи дека останува истата моторна понуда и
механичката основа како суспензија, сопирачки и слично. Сепак, за да добие на
шмек Giardiniera ќе носи посебно дизајнирани леснометални бандажи, шини
на кровот изработени од алуминиумска легура и нови задни светла. Предницата
останува иста.
Giardiniera би требало да се појави на пазарот во
2010.
|