Get Adobe Flash player

Fiat 500 на природен гас
11.02.2010

Fiat подготвува нова модификација на малечкиот 500 за салонот во Женева која е наречена Natural Power Turbo Project и која покрај бензин како погонско гориво користи и компримиран природен гас CNG.

fiat-500-nptp-2010-1

Под хаубата на новиот еколошки модел на Fiat работи познатиот 1.4 литарски турбо бензинец T-Jet кој е модификуван за да работи и на природен гас. Моторот остварува моќност од 115 КС и максимален вртежен момент од 175 Nm.

Интересно е што вртежниот момент се зголемува на 200 Nm кога во моторот согорува природен гас. И во двата случаеви максималниот вртежен момент му стои на располагање на возачот од ниски 1.750 врт/мин.

Кога работи на бензин моторот нa Fiat успева да го забрза 500 до 100 km/h за 10,8 секунди, додека на природен гас забрзувањето до темпо 100 изнесува 8,5 секунди. Максималната брзина и во два случаи е 182 km/h.

За сега од Fiat не ги откриваат останатите податоци како потрошувачката на бензин и на природен гас и емисијата на јаглероден двооксид. Не се знае ниту дали автомобилот влегува во сериско производство.

Од Fiat велат дека сите детали ќе бидат обелоденети на премиерата во Женева.

 
Get Adobe Flash player