Get Adobe Flash player

Fiat 500 од есен вози со два цилиндри
08.07.2010

„Од есен на пазарот ќе го понудиме најчистиот бензински мотор што ќе работи во Fiat 500”, се фалат од Fiat и на светот му го најавуваат новиот двоцилиндричен мотор наречен TwinAir.

fiat-500-twinair-2010-1

Fiat најави дека работи на двоцилиндричен мотор уште кон крајот на минатата година објавувајќи ги тогаш првите скромни податоци за потрошувачка од 4,0 L/100 km и емисија на јаглероден диоскид пониска од 100 g/km.

Денес основните параметри се потврдуват. Инженерите од развојното одделение Fiat Power Technologies на новиот мотор со два цилиндри му покониле, турбо натполнење, електрохидраулично управување со вентилите и MultiAir систем за вшмукување на воздух.

Турбо бензинецот со зафатнина од 0.9 литри и е спосбен да оствари моќност од 65 до 105 КС и да емитува емисија на СО2 за 30% пониска од останатите мотори со исти перформанси кои се нудат на денешницата, па дури и од својот постар брат модерниот 1.4 литарски бензинец со 16 вентили на Fiat.

Првиот автомобил што ќе го понесе новиот мотор е Fiat 500 и Fiat 500C. Во него моторот ќе остварува 85 КС при 5.500 врт/мин и максимален вртежен момент од 145 Nm при 1.900 врт/мин кои се доволни за максимална брзина од 173 km/h и забрзување до 100 km/h за 11,0 секунди.

Овие перформанси Fiat 500 ги достигнува во нормален модус на работа. Тогаш се нуди максимален одзив на моторот на педалот за гас и спортско чувство зад волан со директно управување кое го подига уживањето кај возачот.

Fiat го нуди и ECO модусот на работа за во град. Со притискање на копчето ECO на арматурата моторот го смалува вртежниот момент на 100 Nm при пониски 1.750 врт/мин и го вклучува модусот CITY кај управувањето со што дополнително се смалува и онака скромната потрошувачка.

Со мануелен менувач и со систем Start&Stop кој доаѓа сериски во град моторот ќе проголта 4,9 L/100 km, на отворено 3,7 L/100 km или во просек 4,1 L/100 km. За пониска потрошувачка тука е и Dualogic менувачот исто со ститем Start&Stop кој во град – отворено – просек остварува 4,6 – 3,6 – 4,0 L/100 km.

Кај менуелениот менувач емисијата на јаглероден диоксид изнесува 95 g/km, додека кај менувачот Dualogic емисијата на СО2 е спуштена на 92 g/km.

Дополнителна предност на моторот е и неговата компактност. Тој во споредба со четирицилиндрец со иста моќност е покус за 23% и е полесен за 10% што отвора можност за дополнителен развој како полесна компатибилност за користење на течен гас и комбинирање со хибридни технологии.

Fiat 500 и Fiat 500C TwinAir ќе се нудат во три нивоа на опременост Pop, Sport и Lounge. Цената Fiat сеуште не ја открива. Според одговорните за продажба на марката таа ќе биде овјавена непосредно пред старт на продажбата.

 
Get Adobe Flash player