Дефинитивно автомобилот што се подгтовува во погоните на Abarth може да се
нарече фрлач на оган или пак зa уживачите во фантастични приказани
малечково би било еднакво на змеј.
Сето ова го подготвуваат инженерите на тјунерската куќа
на Fiat и го нарекуваат Assetto Corse, автомобил
што ќе ја игра главната улога во уникатната европска тркачка серија која
стартува во 2009.
Планот е да се изработат точно 49 примероци од Fiat
500 под името Assetto Corse кои во однос на
останатите верзии ќе се разликуваат по огромниот модификуван преден браник,
задното крило, леснометалните бандажи од 17 инчи и спортските ретровизори и
налепници.
Со спартанскиот ентериер соголен до гол лим и оплеменет
со заштитен кафез и тркачки кади Assetto Corse ќе тежи 180
килограми помалку од серискиот Fiat 500 опремен со бензинскиот 1.4 литарец.
Токму во него се сокрива вистината на ова жешко парченце
автомобил. Подпомогнат со турбо полнач познатиот 1.4 литарец истискува здрави
197 коњски сили и за олку мал мотор мрсни 300 Nm вртежен
момент. Сето ова е доволно за импресивни перформанси на тркачка патека.
Учесниците во оваа тркачка серија на Fiat
500 покрај уникатниот автомобил добиваат и уникатни униформи, поточно тркачки
комбинезон брендиран со името на Abarth, исто таква
кацига, ракавици и тркачки патики сместени во препознатлива кожена торба.
За сега ова се единствените информации што кружат за Assetto
Corse, но подоцна се очекуваат дополнителни детали како што цена на автомобилот,
цена за натпреварување низ цела сезона, календар на трките и слично.
|