Fiat го претстави својот нов мотор за 2008 1.6 Multijet, кој своето
деби ќе го има во Bravo, и исто како и 1.4 T-Јet доаѓа во
две верзии послабата со моќност од 105 КС и посилната со моќност од 120 КС.
Моторот во целост е развиен од одделот на Fiat за развој
на мотори наречен Fiat Powertrain Technologies, FPT и им се
приклучува на групата на одлични современи дизели на Fiat од 1.3,
1.9 и 2.4 литри.
Со овој мотор Fiat ја пополнува празнината
меѓу 1.3 и 1.9 литарските Multijet, а важно е што купувачите место за 1.9 ќе
можат да се одлучат за помоќната верзија на 1.6 и да добијат исти перформанси со помали давачки и
пониска потрочувачка.
Во Fiat нагласуваат дека во споредба со 1.9 Multijet со 120 КС,
1.6 претставува значаен чекор напред. Зголемување на притисокот во common
rail системот од 1.300 на 1.600 бари што во комбинација со бризгалки од новата
генерација ја самлува потрошувачката за 8 проценти и го подобрува вртежниот
момент за околу 25 проценти – 300 Nm при 1.500 вртежи.
Забрзувањето до 100 km/h изнесува
10,5 секунди, додека меѓу забрзувањето од 80 до 120 km/h во петти
степен на пренос е покусо за 4 секунди. Акустичниот комфор е подобрен за 5
проценти.
Благодарение на овој мотор Fiat Bravo ги
задоволува строгите Euro 5 норми далеку пред нивната имплементација и има најниска
емисија на канцерогените HCNOx гасови.
Моторот е претставник на втората генерација на Multijet турбо
дизели има зафатнина од 1.598 сс, пречник на цилиндерот од 79,5 милимeтри и од
на клипот од 80,5 милиметри.
Послабиот остварува 105 КС при 4.000 вртежи и максимален
вртежен момент од 290 Nm при 1.500 вртежи, додека помоќниот има 120 КС при исти
4.000 вртежи и максимален вртежен момент од 300 Nm исто така
при 1.500 вртежи и остваруваат емисија на СО2 од 120 g/km.
Fiat Bravo со послабата верзија ќе биде достапен
на пазарот веднаш, а помоќната верзија ќе пристигне малку подоцна.
 
|