Новиот малечок транспортер на Fiat, Fiorino се
подготвува за светска премиера на својата патничка верзија во Женева. Наречен People Carier ова е најновиот модел LCV во гамата на Fiat.
Патничкиот Fiorino е поставен на
основата на исто имениот транспортер претставен на есен минатата година.
Комерцијалната верзија на Fiorino беше претставена како фургон со две места за седење, но
и како верзија за пет патника и заграден багажен простор.
Сега Fiorino доаѓа со стил на еден ван кого го краси извонредна
пространост и функционланост. Секако тука како дополнување доаѓа и можноста за
превоз на потежок терет наследена од постариот брат.
Задните странични врати се поставена на лизгачи и се
отвораат паралелно со автомобилот што го олеснува влегувањето и излегувањето на
патниците одзади на тесен паркинг, воедно го поедноставува и товарењето.
Големиот багажник пред се ќе им годи на младите семејства, а малите димензии го
прават лесно маневрибилен низ полните градски улици.
Она што привлекува на прв поглед е дизајнот. Едноставно Fiorino не ги
остава рамнодушни дури и оние кои не се љубители на ваков тип на возила.
Моторите се познати од останатите верзии на Fiorino,
a убавината е во тоа што купувачите можат да избираат од широката палета, па
затоа во Fiat веруваат дека буквално секој ќе го најде соодветниот
агрегат.
Се очекува Fiorino да пристигне на
пазарот набрзо по завршувањето на салонот во Женева.
 
|