Fiat
се подготвува за сериозен напад во класата на лесни
градски превозници, а предводник е втората генерација на одличниот сестран Doblo кој
сеуште не е претставен официјално.
Прикажаните фотографии се неофицијални и како што моќе да
се забележи не станува збор за некакви компјутерски генерирани слики туку за
реално возило кое наскоро треба да се појави на пазарот.
Fiat продолжува да го гради Doblo
во повеќе варијанти. Покрај товарната ќе има и патничка
верзија, но и полутоварна верзија со пет места за седење и карго простор и
секако на располагање ќе бидат две меѓуоскини растојанија.
Заоблените линии на новата коцкеста каросерија имаат за
цел да ги привлечат купувачите кои размислуваат за новата генерација на Berlingo и Partner, но исто така и оние на кои во око им паѓа Skoda Roomster, па
дури и една Kia
Soul.
Дали
Fiat ќе успее да ги придобие потенцијалните клиенти на своја
страна останува да видиме по појавувањето на новото Doblo на
пазарот. Сепак, не станува збор за благ фејслифт, туку за комплетно нов дизајн
на возилото и модернизирана механика.
Предната оска е земена на заем од исто така
модернизираното Punto
Evo. Секако претрпела одредени модификации за да може да се
носи со поголемите напрегања пред кои ќе биде исправена во текот на својот
работен век.
Задната оска останува несменета и во зависност од изборот
на купувачот ќе може да носи помалку или повеќе товар. Сеуште не се знае кои
мотори ќе брмчат под хаубата на новот Doblo.
Се очекуваат бензинците од новата генерација Multiair, но сеуште нема потврда за нив. Она што е сигурно е дека предните тркала
ќе ги задвижуваат трубо дизелите Multijet.
Како актуелниот модел и новото Doblo ќе се
произведува во Турција
во фабриката Tofas заедничка инвестиција на Fiat
Group и на Koc
Holding A.S.
Според првичните планови од производните ленти секоја
година ќе се симнуваат околу 120.000 примероци на новиот Doblo од
кои дури 70%
ќе завршат на пазарите во Европа.
|