|
Fiat ја претстави модернизираната верзија на Bravo како модел за 2010. Станува збор за благо освежување на дизајнот на моделот и затоа целата работа минува без поголеми помпи.

Новина кај Brаvo за 2010 се горниот и долниот дел од решетката на ладилникот, односно маската и отворот во предниот браник. Обликот останува ист, но од сега и двете решетки ќе се нудат или во хромирана верзија или ќе бидат мат црни.
Колку за потсетување, до сега само маската доаѓаше во хром финиш, додека отворот во браникот секогаш беше мат црн.
Понатаму измените во предниот дел ги опфаќаат и предните светла кај кои оптиката на трепкачите е сменета и тие повеќе немаат жолта боја. Основата на предните светла пак е задимена и повеќе нема на блешти под стаклото како на досегашните модели.
Од 2010 натаму надворешните ретровизори и кваки на вартите ќе бидат во боја на каросерија во сите нивоа на опременост, а додадени се и две нови бои во колорната понуда на Brаvo.
Во кабината измените исто така се однесуваат на освежување и зголемување на палетата на бои за преслеките на седиштата и облогите на вратите, нови бои добива и арматурата со централната конзола.
Моторната понуда останува иста па така купувачите повторно ќе можат да одберат меѓу најслабата варијанта со бензинскиот 1.4 литарец со 90 КС и турбо дизелот Mulitijet 2.0 со филтер за честички чад DPF кој остварува 165 КС.
Со понудата за 2010 се зголемува и нивото на опременост кај сите верзии на Bravo, а најдобрата вест за купувачите е што и покрај подобрувањата цените остануваат не сменети.
|