Get Adobe Flash player
Fiat го враќа Uno и прави crossover
04.07.2007
fiat_bravoFiat ќе лансира три нови модели во следните неколку години, вклучувајќи автомобил од B-сегментот, crossover од компактната класа и редизајн на актуелната Panda.

Првиот од новите модели ќе биде мал хечбек кој според гласините би требало да го ревитализира Uno.

Uno ќе лежи на скратена платформа на Grande Punto и ќе ги дели неговите мотори заради кратење на трошоците. Автомобилот ќе биде долг 3,7 метри и би требало да се најде во салоните до 2009.

Fiat исто така работи на мотор со два цилиндри крстен Multiair кој со помош на турбополнач ќе остварува 100 коњски сили и ќе им се придружи на веќе постоечките 1.4 литарски турбо и турбо дизелите од 1.3 и 1.9 литри.

По поретставувањето на Uno на сцена ќе се појави нов модел на crossover изработен на платформа на Bravo. Автомобилот е планиран како директен соперник на Nissan Qashqai, ќе вози со погон на две и на четири тркала и ќе може да превезе до седум патника.

Последниот модел ќе биде следната генерација на Panda која пристига во 2010.

 

 

 

Facebook