Предвидувањето на претседателот на Fiat, Серџио Mаркионе, за
здружување на автомобилсите марки со цел опстанок на пазарот се чини дека не е
без основа.
Според него компаниите кои произведуваат помалку од 5,5
милиони автомобили годишно ќе мораат да бараат партнер. Секако тука спаѓа и Fiat поради што
кај италијанскиот производител размислуваат за здружување.
Информацијата за алијанса меѓу Fiat и PSA
Peugeot Citroen доаѓа од италијанскиот дневен весник Milano
Finanza каде се вели дека премиерот на Италија, Силвио Берлускони и
претседателот на Франција, Николас Саркози разговарале за можна алијанса меѓу
двата производители.
Peugeot и Citroen минатата година вкупно
произведоа 6,2 милиони автомобили што ги става рамо до рамо со групацијата на Volkswagen и на Rеnаult -
Nissan и веќе најавија дека разгледувањето за можна алијанса со некој друг
производител не им е во прв план.
Одговорните и во двете компании молчат околу ова прашање.
Сепак, Маркионе најави дека е можно создавање на еден голем Европски
производител кој ќе може да се носи со еден голем германски и еден голем
француски производител имајќи ги тука на ум VW и Renault
– Nissan.
Независноста на Fiat веќе со години
жестоко ја брани семејството Ањели кое има 30% удел во компанијата.
Без оглед на цврстиот став на семејството Ањели доколку
светската економија се влоши уште повеќе дури и тие ќе немаат избор и ќе мора
да одобрат алијанса со друг производител.
Според сегашните прогнози профитот на Fiat во 2008 би
можел да опадне за 510 милиони долари.
|