Get Adobe Flash player
Fiat ќе инвестира милијадра во Zastava
26.07.2010

Шефот на групацијата Fiat, Серџо Маркионе во официјално соопштение истакна дека италијанскиот гигант ќе инвестира 1 милијрда евра за модернизација на погоните на Zastava во Крагуевац, Србија.

zastava-pogoni-2010-1

Причина е преселбата на производството на новата генерација на ванови на Fiat. Имено нaследникот на Idea и наследникот на Multipla место во Италија ќе се произведуваат во Крагуевац.

Ова значи дека заедно со Fiat Uno и со Zastava 10 во Крагуевац ќе се призведуваат три модели на Fiat. Воедно Маркиено не ја исклучува можноста за дополнително проширување на инвестициите.

Причината е немоќноста да се постигне согласност со синдикатот на работниците околу начинот на управување со фабриката Помилијано Д`Арко. Со оглед на неизвесноста за постигнување на договор со работниците и условите што ќе владеат потоа Маркионе смета дека не е мудро да се инвестира во Помилијано.

Маркионе истакна дека дури 37% од работниците гласале против новите улови на работа што групацијата Fiat сака да ги воведе во своите фабрики. Во такви услови каде работниците не сакаат да работат истакнува Маркионе залудно е да се инвестира.

Според него постојат други поднебја кои се желни за работа и кои со нетрпение ги очекуваат инвестициите на Fiat. „Иако сакаме Италија да остане нација на производители на автомобили,” вели Маркионе, „сепак, модерните услови на работа се пречка меѓу желбите и реалноста”.

Затоа инвестицијата се насочува кон Крагуевац каде од модернизираните погони на Zastava годишно би требало да излегуваат 190.000 примероци на Idea и на Multipla.

Така после Романија, уште една балканска држава, Србија, ќе прерасне во голем производител на автомобили. Според Маркионе производството на двата нови модели во Крагуевац ќе стартува од крајот на 2011, најдоцна почетокот на 2012.

 

 

 

Facebook