Get Adobe Flash player
Fiat најзелен производител за 2009
05.10.2009
fiat-grande-punto-natural-power-1.jpgFiat Automobiles и годинава го доби признанието за производител на автмобили со најниски вредности на емисија на СО2 во Европа. За Италијанскиот гигант ова е трета зелена титула по ред.

Според статистиките во првата половина на годината автомобилите со логото на Fiat кои се продадени во Европа имаат во просек емисија на СО2 од 129,1 g/km.

Воедно Fiat Automobiles е единствениот производител во Европа, годинава, чии автомобили во просек имаат емисиај на СО2 пониска од 130 g/km. Вредност која европската комисија ја определи како граница за во 2015 и за надминување на истата производителите ќе плаќаат пенали.

Зад определувањето на статистиката на емитувањето на јаглероднито диоксид кај автомобилите стои ЈАТО од 1984 светска водечка организација во собирање на податоци за автомобилската индустрија признаена од сите производители на автомобили во светот.

Според евиденцијата на JATO списокот на најдобрите три зелени производители на автомобили на светот е следен: прв е Fiat со 129,1 g/km, на второ место е Toyota со 132,9 g/km и на трето место е Peugeot со 134 g/km.

Статистиката потврдува и дека најголемиот виновник, односно придонес во намалувањето на просечната емисија на јаглероден диоксид кај возилата на Fiat е зголемената продажба на автомобилите кои како гориво користат природен гас.

Во првата половина на годината во Европа продадени се околу 65.000 автомобили Fiat Natural Power способни да возат и на бензин и на компримиран природен гас или CNG.

Пример е Grande Punto Natural Power кој покрај резервоарот за бензин од 45 литри има и резервоар за CNG од 84 литри. Тој има просечна потрошувачка од 6,3 литри и е способен со два полни резервоари да мине преку 1.000 km од кои 310 km само на гас.

Него го задвижува 1,4 литарскиот бензинец со 80 КС и максимален вртежен момент од 115 Nm. Доволни за забрзување до темпо 100 за 14,9 секунди и максимална брзина од 162 km/h.

Горд на признанието извршниот директор на Fiat Automobiles, Лоренцо Систино изјави: „Подобрувањето на еколошките карактеристики на автомобилите не само за во иднина, туку нешто што треба да се направи сега и ние го правиме.

„Моето тврдење го докажуваат напорите на компанијата за пронаоѓање на ефиксани иновативни решенија за редуцирање на емисиите на издувни гасови кај автомобилите како што е на пример системот MultiAir или системот старт/стоп. И можам да ветам дека Fiat нема да застане тука, завршува Систино.

 

 

 

 

Facebook