Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Fiat продолжува со планот за евтин автомобил
24.12.2008
fiat-seicento-2011-1.jpgFiat најави создавање на нова евтина марка која ќе се продава на пазарите во развој. Сега планот се проширува и најавените три нови модели со ниска цена ќе се продаваат и во Западна Европа.

Од секогаш Fiat бил практичен. Информациите што доаѓаат од Торино велат дека два од трите најавени модели одамна се на улица. Станува збор за застарените модели Palio и Uno кои сеуште се произведуваат во Бразил.

Fiat одлучи да го смени дизајнот на двата модели, надвор и внатре, со што комплетно ќе се смени стилот, но не и механиката, и ќе ги продава на пазарите во Западна Европа во 2010.

Секако беџот на Fiat нема да стои залепен на каросеријата, туку тие ќе се продаваат под друга марка. Ваквата одлука на раководството на Fiat е брз одговор на светската економска криза.

Fiat не се подготвува само за справување со кризата, туку на овој начин е подготвен да се справи и со периодот што следи по неа, кога луѓето и од економски побогатите држави ќе бараат евтини автомобили.

Третиот евтин модел како што веќе најавивме ќе биде новата генерација на Seicento кој на пазарот треба да се појави во текот на 2011.

Држејќи се до корените и наследникот на Seicento ќе биде мал и лесен автомобил, а заради пониска потрошувачка и емисија на издувни гасови ќе го задвижува двоцилиндричен агрегат потпомогнат со трубо полнач.

Истиот мотор ќе го користи и новиот малечок автомобил кој ќе произлезе од бракот меѓу Fiat и BMW и кој во зависност од беџот на носот ќе се нарекува Topolinо или Isetta.

Новиот Seicento треба да им се спротивстави на Toyota iQ и на Smart, но за разлика од нив ќе биде значително поевтин.

Реализацијата на новата евтина марка на Fiat нема да биде лесна како на новорастечките пазари така и на пазарот во Западна Европа. Причина е веќе востановеното евтино семејство на Renault/Dacia под името Logan, а од скоро и Sandero.

За цени сеуште не станува збор, но од Fiat велат дека ја ревидирале цената за Seicento која според првичната најава изнесуваше 7.000 евра. Според сегашните услови тие уверуваат дека Seicento не би требало да чини повеќе од 6.000 евра што е на ниво на актуелниот модел.

Трите модели ќе се произведуваат во фабриките на Fiat во Тичи, Полска и во Крагуевац, Србија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook