Get Adobe Flash player
Fiat размислува за 500 SUV
09.07.2007
fiat-500-crnoМинито од Fiat што туку дебитираше и веќе се слушаат гласини за нови варијанти од кои последната е дека на големо се работи на crossover, односно SUV.

Веќе стигна потврда дека до средина од 2008 светлото на денот ќе го здогледаат кабриолет со мек кров и високоперформансна верзија Abarth, но менаџментот на Fiat не застанува тука и планира караван со три врати во стил на Mini Clubman и SUV со погон на четири тркала.

Доколку проектот добие зелено светло погонот на четири тркала ќе биде зајмен од Panda, но тоа нема да се случи до крајот од годината.

Fiat дефинитивно има храбри планови за иднината на 500. Инженерите се уверени дека 500 ќе биде најбезбедниот мини во Европа и очекуваат 5 ѕвездички на Euro-NCAP. Се зборува дури и за 6 ѕвездички според новите начела кои би требало да бидат имплементирани во 2008.

 

 

 

Facebook