|
18.05.2007 |
По Grande Punto кој се продава од минатата година, следен модел од Fiat за австралискиот пазар е Ritmo - под ова славно име ќе настапува компактот тука го познаваме како Bravo.
Причината за отстапувањето од европското име е што Bravo e веќе регистрирано на австралискиот пазар и Fiat мораше да се повика на име од историјата.  Ritmo не само што му носеше одлична продажба на Fiat во 70 и 80 години туку ќе остане запамтен и по оригиналната реклама „Изработено рачно од роботи”. Компактот на кого со задоволство се сеќаваме беше првиот автомобил комплетно изработен од роботи и ја демонстрираше превласта на Италијанците во автоматизираното автомобилско производство.
Австралискиот Fiat Ritmo ќе се продава со 1,9 литарски турбодизел со 150 КС и со 1,4-литарскиот бензинец од Grande Punto, во верзија со турбонатполнење, исто така со 150 КС.
|