|
05.07.2007 |
Новиот мини на Fiat ќе зададе голем
удар кога ќе се појави на улиците и одново ќе ги напише правилата за евтин
мини-автомобил нудејќи препознатлив стил и иновативност.
Не е ни чудно што шефот на Fiat, Серџо
Маркионе коментира дека сака 500 да биде автомобилска верзија на популарниот iPod на Apple, музички
плеер кој ги тренсформираше тешкашите на музичката индустрија во преносен уред
за в џеб.
Новиот 500 е изграден на исконскиот статус на
оригиналниот „Cinquecento” од седумдесетите кој стана популарен
поради својата ефикасност и ниска цена.
Новиот модел кој ќе биде претставен во текот на денот е
развиен за неверојатни 18 месеци што е половина од времето што им е потребно на
конкурентите.
Повеќето производители ќе ги лансираат сопствените
мини-автомобили во следните неколку години, вклучувајќи ги во оваа група Volkswagen
и General Motors. Тие ќе се натпреваруваат со Fiat 500, Mini и
Renault Twingo.
|