Get Adobe Flash player
Fiat се откажува од Lancia?
20.05.2009
lancia-maska-logo-1.jpgГрупацијата Fiat полека почнува да ја шири својата империја со купување на дел од Chrysler, а сега се бори за придобивање на Opel, но од сета оваа силна коалиција можно е некој да отпадне.

А тој некој е премиум марката на Fiat, Lancia. Информацијата доаѓа од агенцијата Reuters и во неа се вели дека од евентуалната алијанса меѓу Fiat и Opel може да настрада Lancia.

Но, информацијата не кажува каква би била пресудата за Lancia. Дали марката целосно ќе згасне, или пак, за нејзе ќе се бара друг сопственик.

Во разговор со репортер од Reuters, шефот на Fiat, Серџо Маркионе спомнал дека создавањето на една голема алијанса Fiat - Chrysler - Opel може да доведе до отстранување на Lancia.

Според Маркионе тука нема ништо чудно бидејќи Lancia е марка која продава најмалку автомобили во групацијата на Fiat и постојано е во борба за купувачи кои никако да пристигнат.

Минатата година беа продадени само 100.000 автомобили со беџот на Lancia, што отприлика е еквивалент на она што го оствари Saab под капата на General Motors.

Веднаш откако се појави информацијата на Reuters, шефот на дилерската асоцијација на Lancia, Алесандро Алесандре побрза да ја демантира нарекувајќи ги ваквите тврдења „чиста глупост”.

Од групацијата Fiat сеуште нема официјална потврда за изнесената информација.

 

 

 

Facebook