|
05.03.2008 |
Следејќи го успешниот пример на Mini кој одамна
има тркачка серија, Fiat се подготвува да го направи истото за својот 500, а
серијата ќе го носи името 5Hundred Cup или Куп 5Стотини.
Главниот спонзор и организаторот на серијата фирмата Speedway
Comunications се надева дека ќе успее да воведе две паралелни серии.
Една наменета исклучиво за Италија, а другата за Европа.
Огненото крштевање 5Hundred Cup ќе го
доживее на патеката Vallelunga крај Рим, а првите
автомобили што ќе бидат премиерно прикажани пред трката за ГН на Австралија во
Мелбурн на настанот Celebrity Challenge кој се одржува
секоја година и кој во минатото се возеше со Mini Cooper.
Основата за тркачките петстотки ќе биде 500 Abarth кој
дебитира во Женева, а го задвижува 1.4 литрскиот T-Jet со 135
коњски сили при 5.500 вртежи и максимален вртежен момент од 180 Nm при 2.500
вртежи.
Останатите перформанси следат малку подоцна.
|