Плановите на производителот од Торино одат во насока на
создавање на нова евтина марка до 2010 под која ќе се продаваат три нови модели наменети за пазарите во развој.
Два од овие три модели нема да го носат беџот на Fiat без оглед
што подоцна ќе се појават и на пазарите во развиените држави. Значи Fiat нема да го
следи примерот на Renault со Dacia чии возила на Западно европскиот, но и на
пазарите надвор од Европа се продаваат под беџот на Renault.
Првиот евтин модел на Fiat треба да
биде спремен во 2010 и за сега се води само под кодна ознака Project
326. Овој модел ќе се произведува во фабриката на Zastava во Србија која
неодамна беше купена од Fiat.
Вториот модел следствено ја носи кодната ознака Project
327. Тој треба да биде поголем најверојатно колку Punto и ќе се
произвeдува во фабриката на Fiat во Бразилија главниот град на Бразил. Неговото појавување
на пазарот треба да се случи во 2011.
Карактеристично за Project 327 е што ќе
се произведува во две верзии една за пазарите во Јужна Америка и втората за
пазарите во Европа.
Третиот нов евтин модел ќе биде наследникот на Seicentо кој ќе се
произведува во фабриката во Полска. Плановите на Fiat се на
годишно ниво да произведува по 40.000 примероци од новата генерација на Seicento чива цена
нема да преминува 7.000 европкси банкноти.
Што се однесува до цената на првите два модели насловени
како Project 326 и Prоject 327 сеуште нема ниту збор, но затоа во Fiat
истакнуваат дека главни пазари ќе бидат Источна Европа, Русија, Кина, Индија и
Латинска Америка.
|