Соработката меѓу Fiat и Zastava продолжува.
Ова го гарантира потпишаниот меморандум за стратешка соработка меѓу владата на
Србија сегашен сопственик на Zastava и Fiat.
Станува збор за инвестиција вредна 700 милиони евра, која
воедно е и една од најголемите инвестиции во историјата на Fiat.
Партнерството меѓу овие два производители продолжува, но сега 70 проценти од
сопственоста на Zastava припаѓаат на Fiat, а 30 проценти на
Србија.
Со потпишувањето на меморандумот Fiat се
обврзува драстично да го зголеми производството во Zastava. Од
сегашните 12.350 автомобили произведени во 2007 на околу 50.000 возила во
првите 9 месеци од потпишувањето на меморандумот.
Пoнатаму плановите на Fiat одат кон
производство на нов модел од ниската класа во Zastava до крајот
на следната година, а веќе во 2010 би требало да пристигне уште еден нов модел
со што вкупното производство би ја достигнало планираната бројка од околу
300.000 автомобили годишно.
Веќе пишувавме дек владее голема заинтересираност за Zastava, но Fiat прв превзеде конкретни чекори во остварување на соработка сепак, заинтересираноста на Volkswagen за Zastava
останува.
Но, за разлика од Fiat,
германците се заинтересирани за „greenfield” инвестиции,
односно подигање на нова фабрика од нула со сопственички удел од 99,9 проценти.
|