|
18.04.2007 |
Лесните доставни возила на Fiat отсега ќе носат
ново лого и ќе се викаат Fiat
Professional. Со тоа Италијанците сакаат да ги издвојат доставните возила како
посебна марка.
Новото лого е дизајнирано од RobilantAssociati и зборот Professional
се појавува во рубинско црвена боја на сребрена лента.
Продажната мрежа на Fiat во која се продаваат лесни доставни возила опфаќа 1.400
дилери, од кои преку половината се специјализирани за комерцијалниот сектор,
работат по посебни стандарди за прикажување на новите и користените возила, со
специјализирани сервисни работилници и посебно за тоа обучени сервисни лица.
|