Станува збор за предвесник на спортската Fiesta ST кој до нејзиното
појавување треба да ги задоволи фановите што од автомобилите бараат да им
приредат возбуда додека се зад волан.
Значи по стартот на продажбата во октомври годинава Fiesta Zetec S ќе го претставува врвот
во понудата на Fiesta. Иако не станува збор за бескомпромисен спортист, сепак, Zetec S има што да понуди.
Под хаубата ќе работи бензински 1.6 литарец од фамилијата Duratec кој испорачува 120
коњски сили доволни за да го забрзаат автомобилот до 100 km/h за 9,9 секунди.
Преденоста на овој мек спортист е што нуди микс од перформанси и
економичност. Во Ford се фалат со просечна потрошувачка пониска од 6 литри на 100 изминати
километри.
Надворешниот дизајн иако е далеку од екстремот на еден RS сепак нуди доволно
детали за Zetec S да може да се издвојува
од останатите модели во гамата.
Динамичниот кит од каросериски додатоци се состои од дополнителни спојлери
поставени странично на предниот браник, странични завеси и спојлер назад
поставен на кров. Во задниот браник се сокрива еден вид дифузор кој делува како
разделник на воздухот што струи по подот на автомобилот.
Што се однесува до возните својства и управливоста Zetec S, но и останатите модели на
новата Fiesta се далеку подобри од
сегашниот модел, пред се поради поголемата торзиска крутост на каросеријата што значи
помалку увивање при максимално оптеретување на автомобилот во свијоци.
Се работи за 10% поголема крутост која е постигната на тој начин што 55% од
структурата на каросеријата е изработена од легиран челик со голема јакост кој
воедно овозможува висока заштита на патниците при судар.
|