Жирито на изборот за Европски автомобил на годината после
долги и напорни тестирања ги објави седумте финалисти кои ќе се борат за
освојување на престижната титула.
Од вкупно 30 автомобили колку што беа пријавени на
изборот жирито одлучи во финале да влезат: Citroen C3 Picasso, Mercedes E Класа,
Opel Astra, Peugeot 3008, Skoda Yeti, Toyota iQ и Volkswagen Polo.
Изборот на жирито составено од 58 автомобилски новинари
од 22 држави во Европа е направен. Сега останува да се дочека крајниот датум на
изборот за Автомобил на годината во Европа закажан за 27 ноември.
Во финалниот елиминационен круг секој член на жирито
треба да ги распредели 25. поени со кои располага на минимум 5 автомобили, а
максималната оценка која што може да ја даде на еден автомобил е 10 поени.
Откако ќе заврши оценувањето на жирито му се потребни 3
дена за да ги сублимира податоците и на 30 ноември официјално ќе го објави
победникот на изборот за Автомобил на годината на Европа за 2010.
Лани со престижната титула Автомобил на годината во
Европа се стекна Opel
Insignia која во изборот победи со 321 освоени поени, додека
второто место и припадна на Ford
Fiestа која освои само еден поен помалку. Трет беше Volkswagen Golf.
Што ќе се случи на годинешниот избор на Автомобил на
годината во Европа останува да видиме. До тогаш ни останува самите да одлучиме
кој од седумте финалисти, според нас, би требало да ја понесе годинешната
титула.
|