|
25.06.2007 |
Откако ја основаше својата компанија Fisker
Coachbuild во сончевата Калифорнија во 2005 поранешниот дизајнер на
Aston Martin, Хенрик Фискер конечно почна со производство.
Првиот автомобил му е предаден на сопственикот на Concours
d’Elegance, кој се одржа на Родео Драјв во Беверли Хилс. Станува
збор за Fisker Latigo CS V10 Coupe, нумериран со број
001 од лимитираната серија од само 150 автомобили.
Линијата Latigo е изградена врз основа на BMW серија 6,
а CS V10 вози врз механиката на донаторот M6. Моќта е
зголемена на 648 КС кои му овозможуваат на ова супер купе да стигне од мирување
до стотка за 3,9 секунди.
Моделската понуда на Fisker стартува
од моделот со V8 поставен на основата од BMW 650Ci со 367 КС
кој чини 199.000 долари, а завршува со Latigo CS V10 Convertible
со цена од 304.000 долари.
Fisker произведува и друг модел Tramonto, кој за
основа го користи Mercedes SL 55 AMG.
|