Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Focus ST500 лимитирана серија за збогум
09.11.2007
ford-focus-st500.jpgНајновата лимитирана серија на Ford Focus, ST500 наменета за испраќање на успешниот автомобил веќе вози по улиците на Велика Британија.

Единствениот модел со многу коњи и уникатен стајлинг е наменета исклучиво за островјаните и ќе биде произведена во само 500 единици.

Основата е земена од популраниот Focus ST моторот останува несменет и испорачува 225 коњски сили на предните тркала. Она што плени кај ST500 се дизајнерските играрии врз каросеријата и внатрешноста.

Сите модели се обоени во метална црна боја и имаат сиви ленти по должина на хаубата и кровот и исти такви на страниците, во стил на класичните тркачки автомобили. Поточно дизајнот треба да потесетува на оригиналниот GT40 кој доминираше на Леман во 1966.

Внатрешноста плени со црвени кожени седишта од Recaro, соодветни облоги и извезени логоа ST500.

Focus ST500 се гордее и со цената која изнесува околу 20.495 британски фунти, но со олку лимитиран број на примероци треба да се очекува пораст на побарувачката, а паралелно и на цената.

Бидејќи веруваме дека има доволно досетливи луѓе што ќе го купат само за да го препродадат.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook