|
23.10.2007 |
Ford претстави
две верзии на Focus со три
врати за да го одбележи успехот во Светскиот шампионат во рели. Focus WRC ST 525 и Focus WRC-S ќе се
произведат во лимитирана серија.
Поексклузивен од двата автомобили е Focus WRC ST 525 од кого ќе бидат
направени само 150 примероци. Автомобилот го задвижува познатиот петцилиндричен
2.5 литарски турбо кој 225 коњски сили.
Единствената боја во која може да седобие автомобилот е
црна, но за разбивање на монотонијата се грижат сивите детали на предната маска
и на задниот дифузор со хром резервиран само за надворешните ретровизори.
Во кабината среќните сопственици ќе се сретнат со
интериер преслечен во кожа и алакантара со извезени етикети WRC и алуминиумски
детали.
Вториот автомобил е Focus WRC-S задвижуван од 2.0
литарскиот турбо дизел кој остварува 136 коњски сили и е лимитиран на вкупно
666 единици. Нема механички измени во однос на стандардниот модел. Но,
подвозјето е превземено од спортскиот СТ и го носи истиот сетап со 18 инчни
леснометални бандажи и гуми 225.
Интериерот е обогатен со кожа и алуминиумски детали и
плочка потпишана од легендата во рели Маркус Гронхолм.
|