|
Fusion добива наследник кој доаѓа во облик на B-Max. Мал моноволумен поставен на платформата на новата Fiesta и чие производтство стартува во фабриката на Ford во романскиот град Крајова.

Како што беше најавено уште кон крајот на 2008, B-Max на лик ќе биде сличен на концептот Iosis Max кој послужи како дизајнерска основа и за новата генерација на Focus и за новата генерација на C-Max.
За да стартува со производство на B-Max во Крајова, Ford зема кредит од Европската инвестициска банка од 400 милиони евра зад кој како државна гаранција се потпишува владата на Романија.
Фабриката на Ford во Крајова ги отвори погоните во септември минатата година кога од производните ленти почнаа да се симнуваат моделите лесната товарна програма на Ford, Transit Connect.
Покрај Transit Connect и B-Max, Ford во Крајова планира и отворање на погон за производство на новата генерација на турбо бензинци EcoBoost кои од зафатнина од 1.0 литри остваруваат 90 и 110 КС.
Истите мотори ќе се вградуваат и во новиот B-Max, но и ќе се транспортираат до останатите фабрики на Ford каде што ќе се склопуваат Fiesta и Ka.
Според плановите на одговорните во американскиот гигант кој минатата година забележа профит од 2,7 милијарди долари во Крајова годишно би требало да се произведуваат околу 250.000 возила од програмата на Ford.
Сериската верзија на B-Max треба да ја доживее светската премиера во Женева по што ќе стартува и продажбата во Европа.
|