Get Adobe Flash player
Ford Fiesta RS на повидок
27.03.2008
ford-fiesta-rs-2010-1.jpgТрадицијата на Ford да произведува високо перформансни верзии на своите сериски модели продолжува во форма на Fiesta RS која во носот ќе сокрива дури двестотини здрави понија.

Но, прво на ред е веќе најавената верзија ST која доаѓа во 2009, а потоа уште помоќната верзија RS резервирана дури за во 2010. Моторот ќе биде истиот што работи и во Fiesta ST, но во случајот на RS четирицилиндарецот од 1.6 литри и турбо полнач на предните тркала ќе испорачува 200 коњски сили.

Паралелно со снагата се зголемуваат и перформансите. Пресметките велат дека RS ќе спринтира до 100 km/h за околу 6 секунди и ќе дозстигнува максимални 225 km/h што го става рамо до рамо со еден Clio 197 Cup.

Покрај големата снага RS ќе нуди и вистинско доживување како во спортски автомобил. Тоа значи дека комфорната и богато опремена кабина ќе и го отстапи местото на спартанската својствена за тркачките автомобили.

Fiesta RS ќе нуди соголена кабина, тркачки кади во замена за удобни седишта и лесни материјали за да се смали вкупната тежина на автомобилот во потрага по повеќе перформанси. Целиот автомобил ќе биде многу повеќе возачки ориентиран.

Со затегната суспензија, спуштена каросерија, поцврсти пружини, поголеми стабилизатори и „лепливи” гуми Fiesta RS уште од фабрика ќе биде подготвена за атак на тркачка патека што ќе биде одлична промоција за нејзините глобални аспирации.

 

 

 

Facebook