Една година по претставувањето на концептот Verve на салонот Гуангчоу во Кина, Ford на исто место на светот му ја претстави седан изведбата на Fiesta која
безмалку е идентична со концептот.
Производството на Fiesta со четири
врати ќе се одвива во фабриката на Ford во Нанџинг и првите
примероци што ќе се симнат од производната лента ќе бидат наменети за азискиот
пазар.
Продажбата во Азија стартува на почетокот на 2009.
Секако кариерата на Fiesta седан нема
да заврши тука. Во 2010 стартува производството во фабриката во Мексико.
Автомобилите произведени во оваа фабрика ќе бидат наменети за пазарот во
Северна Америка каде Fiesta седан ќе се продава паралелно со хечбекот со три и со пет
врати.
Сеуште нема прецизни информации кои мотори ќе работата
под хаубата на Fiesta седан, но се очекува палетата да биде богата исто како и за
останатите каросериски варијанти.
Се очекува моделот наменет за пазарот во САД да
го задвижува 2.0 литарскиот атмосферски бензинец на Ford спарен со
шест степен автоматски менувач.
Иако Fiesta се смета за првиот голем глобален проект на Ford, сепак,
седанот сеуште е далеку од европскиот континент каде производството на хечбекот стартуваше кон средината на август. Затоа пак европјаните ќе можат
да уживаат во моделските изведби како Fiesta Zetec S, Fiesta RS и Fiesta
ST.
|