|
12.01.2008 |
Готово откриена е новата Fiesta ST. И како што најавуваат во Ford малечкото
со својот изглед, перформанси и возни својства ќе нема вистинска конкуренција
во класата.
Новиот ST носи
козметички измени во однос на обичната Fiesta ки вклучуваат поагресивен
преден браник со поголеми отвори за воздух, светла за магла, спојлер над
задното стакло, црна пластика на задниот браник во стил на дифузор, спуштена каросерија,
странични завеси и леснометални бандажи земени на заем од Focus ST.
Она што е најинтересно кај ST се наоѓа под хаубата. Најавите за 2.0
литарски четирицилиндарец со 275 КС најверојатно нема да се остварат. ST сепак ќе биде
задвижуван од 1.6 литарес кој ќе остварува 180 до 190 КС кои ќе бидат доволни
за спринт со стотка за околу 7 секунди и максимална брзина од преку две стотки.
Светската премиера за Fiesta e најавена за салонот
во Женева во март, но за ST ќе мора де
се почека до 2009 барем така велат во Ford. А тогаш сите оние вљубеници во ознака ST ќе мораат да
издвојат околу 20.000 евра доколку го сакаат лутиот спортист во својата гаража.

|