Откако не презасити со цела низа на концепти и најави за
можно менување на името Ford конечно ја откри новата Fiesta. Ова е
сериската верзија и погодувате името останува исто.
Претставена е верзијата со три врати, додека за пет
вратниот модел треба да се почека. Новата Fiesta ќе се
произведува во фабриката на Ford во Германија и е првиот автомобил од глобалната програма
за развој.
Fiesta на широката публика за првпат е и биде достапна на
салонот во Женева, а производството и продажбата стартуваат кон крајот на
годината. Планот е до 2010 Fiesta да пристигне на пазарите во Азија, Јужна Африка,
Австралија и Северна Америка.
Претпоставките дека Fiesta ќе наследи
многу елементи од концептот Verve се обистинија. Тука е трапезоидниот отвор во предниот браник,
аглестите предни светла, накосеното предно стакло, поткренатите големи задни
светла и линија на појасот која стрмо се качува кон назад.
Дефинитивно она што се гледа на фотографиите мами.
Дизајнот е погоден, но новата Fiesta не е само убава фотографија. Напротив. Инженерите се
потрудија во неа да вметнат еементи кои досега беа својствени за автомобилите
од класа погоре.
Подобрени се возните својства, комфорот при возењето,
кабината е изолирана од звуците што доаѓаат од патот, ветрот и од под хаубата,
поточно од моторот.
Главна задача на инженерите беше да ги задржат димензиите
од актуелниот модел и тежината, а да го зголемат комфорот, пространоста на
кабината и безбедноста, што во суштина претставува голем проблем и е тешко да
се изведе.
Сепак, експертите на сината елипса успеаја со користење
на два различни вида на челик за шасијата, плус за каросеријата, техника што ја
разви Mazda за својот нов модел Mazda 2.
Моторите остануваат исти, но само по зафатнината,
Комплетно се ревидирани, подобрена е испораката на снага и вртежен момент и
смалена е потрошувачката. Изборот кај менувачите се сведува на шест степен
мануелен или пак автоматскиот Durashift.
Вградено е електричното серво управување на Ford, EPAS кое штеди
гориво, но не го дигитализира воланот па така возачот во секое време знае што
се случува со предните тркала.
Цените сеуште се непознаница, но знаејќи ја политиката на
Ford не би требало да се разликуваат многу во однос на
сегашниот модел.
|